НОВИ ДЕТАЛИ ЗА РАЗВОДОТ НА АНЏЕЛИНА И ПИТ: Со што се предомисли актерката Џоли?
Aнџелина Џоли и Бред Пит кон крајот на 2016-та признаа дека ставаат точка на бракот и дека ги очекува развод.
Сепак, тој процес уште не е финализиран, бидејќи голема препрека во самата реализација на правилата е токму актерката.
Главен проблем претставува старателството над децата, бидејќи Анџелина не сакала Бред да ги гледа често наследниците. Но, речиси во последен момнет дошло до промена која ги шокирала многумина упатени во нејзиниот живот.
„Тие се спогодиле и договорија и други услови на разводот. Се ќе биде решено за неколку недели. Тоа е голем пресврт, со оглед на тоа дека актерката беше прилично остра во правната битка и не сакаше Бред да учествува околу одгледувањето на децата“, рекол близок пријател на Џоли за "The Sun".
„Клучна работа е дека се сложуваат околу старателството. Се шушкало дека разводот ќе се поништи, но тоа не е вистина“, додал пријателот на познатата холивудска двојка која се разведува.