Новогодишен рецепт: Пица елка што ќе ја разубави сечија трпеза (ВИДЕО)
Израдувајте ги децата за новогодишните празници со овој вкусен рецепт.
Состојки:
хартија
вода
300 гр спанаќ
500 гр лиснато тесто
50 гр кашкавал
1 јајце
200 гр крем сирење
зачини:
сол, бибер, лук во прав, чили пиперка, мешавина од италијански зачини
шери домати
Подготовка:
Направете форма на новогодишна елка од хартија. Лиснатото тесто поделете го на два дела, разредете го секој во правоаголник, ставете ја шемата од нацртаната елка и исечете по рабовите.
Спанаќот сварете го и исечкајте го, па измешајте со крем сирењето. Додадете сол, бибер, италијанската мешавина од зачини, чили во прав, јајце. Сè добро измешајте.
Премачкајте го првиот слој на елката, одозгора додадете кашкавал. Над неа додадете уште една елка од тесто. Користејќи нож за пица, исечете парчиња од средината до секој раб приближно на секој сантиметар од триаголникот.
Фатете го секое „парче“ и завртете го за да направите облик на елка. Премачкајте со јајце и ставете преполовени шери домати, како украс на новогодишна елка. Се пече во загреана рерна на 180 ° C 35 минути или додека не порумени.
Во моментов има супер акција во маркетите на Тинекс, која изобилува со намалени цени на повеќе видови кашкавал (од кои дел може да најдете само во Тинекс), кои се идеални за оваа декорација. Некои ги има само во
Доколку, очекувате гости следниве неколку дена и сакате да ги воодушевите, искористете ги попустите на Тинекс маркетите и пазарувајте по намалени цени.
Летокот кој трае до 7 јануари, може да го погледнете ОВДЕ и да дознаете кои други производи се на акциски попуст.
Фото: Принтскрин/ IGY THE COOK
Извор: tvarukusa.mondo.rs
*ПР објава