Облекла сѐ што на жена од 47 години не и дозволено, а изгледа како гром: Пенелопе Круз е вистинска дива (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Актерката Пенелопе Круз (47) се појави на отворањето на Венецискиот филмски фестивал. Во таа прилика, таа изгледаше драматично во монохроматски фустан, со пуфкаст бел тул на краевите.



Пенелопе важи за актерка која старее природно. Брчките беа јасно видливи на нејзиното лице во филмовите, но и за време на премиерата. И овој пат актерката не сакаше да изгледа поинаку.

И покрај фактот дека на жените над четириесет години не им се препорачува да го откријат лицето, носат темна шминка и фустани, бидејќи тоа додава години - Пенелопе го направи токму тоа.



Залижаната црната коса ја собрала во ниска пунџа, ставила виолетов кармин на усните и облекла прекрасен фустан од Шанел.

Овој двобоен фустан е од колекцијата на Шанел за есента 2021 година. Црн, тесен, со широки прерамки и „искинато“ здолниште од кое извира бел тул, фустанот е како да е создаден за црвениот тепих.

View this post on Instagram

A post shared by Penélope Cruz (@penelopecruzoficial)



Како ви се допаѓа изгледот на Пенелопе Круз?


Стил на денот: Пенелопе Круз без грешка за 24 часа во Венеција покажа зошто е една од последните диви (ФОТО)