Обожавателкитe сѐ уште ми се додворуваат: Интервју со Тарик Филиповиќ
Беше хрватскиот „милионер“, но секогаш миленик на македонската публика, особено на женската. Сериите „Луд, збунет, нормален“, “Конак кај Хилмија“, шоуто „Сатирикон“ се само дел од покомерцијалните проекти поради кој публиката го обожава. Тарфик Филиповиќ е актер кој ретко доаѓа кај нас, а тоа е секогаш со добар повод. Овој пат, тоа е авторската монодрама „Ќиро“, посветена на легендарниот фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ. Тарик почнува со македонската турнеја ја 22 октомври, во понеделник, кога ќе гостува во народниот Наросниот Театар во Битола. „Ќиро“, на 24 октовмри се сели во Скопје, во МНТ. На 26 октомври е во Домот на културата во Струмица, а на 27 октомври во Дом на културата во Штип. Тој е посветен сопруг на Лејла и татко на синовите Дино (15) и Арман (10). За Дино, кој е син на Лејла од првиот брак, Тарик секогаш вели дека и е негов.
* Кога за прв пат лично го запознавте Ќиро Блажевиќ, се сеќавате ли на таа средба и какви спомени ви буди?
- Ќиро лично го познавам од 1998 година кога со репрезентацијата на Хрватска освои трето место на светското првенство. Отсекогаш го паметам како интересна личност, а ние како двајца босанци веднаш „кликнавме“ еден со друг. Подоцна, Ќиро носеше играчи на претставите во мојот театар, на моја среќа. Од тогаш сме пријатели.
* Како се роди идејата за монодрамата „Ќиро“, која е суштината на нејзината приказна?
- Десетина години таа идеја ми се врти низ главата. Како што сѐ повеќе го запознавав, така таа желба растеше, но тој не сакаше ниту книга да се напише за него, а камо ли претстава или филм. Го уверив дека само ретките имаат претстава која зборува за нив додека се живи, и попушти. Половина година работев на текстот, требаше таков интересен живот да се одигра за еден час и 15 минути. Претставата е неговиот живот, успони, падови, љубов, многу смеење и по некоја солза.
* Како реагираше тој кога за прв пат ја гледаше монодрамата?
- Ги гледаше првите три-четири изведби, многу го трогнаа. Но, сепак сакаше многу од материјалот да исфрлам. Дури кога сопругата и децата му кажаа дека сѐ е совршено, се откажа. Ме пргрна и ми рече: „Ти благодарам сине, што додека сум жив ме направи бесмртен.“
* Познат сте како голем љубител на фудбалот. „Железничар“ од Сараево или „Челик“ од вашата Зеница?
- Каква провокација ! Ако ме прашавте “Челик“ или „Вардар“, тоа можеше некако да помине. Но, мојата крв е црвено-црна. “Челик“ ми е во срцето, во вените. Мојот клуб, единствената вистинска љубов која нема човечки контури.
* На кои проекти во моментов работите?
-Играм претстави во мојот театар “Керемпух“, го работам квизот „Потера“ на ХТВ, ја снимам серијата „Конакот кај Хилмија“, работам нова авторска претстава, завршувам филмско сценарио...
* Кој ви е последен ангажман во Македонија, какви спомени носите од гостувањата кај нас ?
- Последен пат го играв „Ќиро“ во Битола, на Фестивалот на монодрама. Поминав неколку прекрасни денови таму, добив награда од публиката. Уживав во дружењата со моите домаќинки Александра и Љупка, среќавав прекрасни луѓе, уживав во македонската кујна и во вината.
* Игравте во сериите „Луд, збунет, нормален“, „Конак кај Хилмија“, дали комедијата од сите актерски формати најмногу ви лежи?
- Како студент мислев дека ќе играм во некој драмски театар. Но, животот ме однесе повеќе кон комедијата. Сакам сѐ да играм, но потешко е некого искрено да насмееш. А смеењето и „зезањето“ се мојот начин на живеење.
* Дали луѓето сѐ уште ве препознаваат по „Кој сака да биде милионер“, и ќе се враќа ли популарниот квиз на ТВ?
- „Милионер“ е проект кој ме претстави во целиот регион, заедно со филмовите и со сериите. Уживав работеќи го, публиката многу го сакаше. Постојано ме прашуваат кога повторно ќе го има. Затоа многу ме израдува веста деке ќе се врати есента во 2019 година !
* Во среќен брак сте со Лејла, дали ви се случува и понатаму обожавателки да ви се додоворуваат и како реагирате на евентуалните непристојни предлози?
- Се слувало и се случува. Многу помалку отколку порано, кога не бев женет. Се носам со тоа добро. Среќа, жените се многу попристојни од нас мажите. Но и поупорни.
* Што е она кое најмногу го сакате кај вашата сопруга ?
- Сакам кога жената е дама, а мојата сопруга е тоа. Насмевката, топлината, воспитувањето, карактерот.
* Кои се најважните лекции, совети кои им ги давате на синовите?
- Се обидувам да ги усмерам да бидат чесни, со почитување спрема сите. А понатаму, со својата индивидуалност ќе одат низ животот. Кога куќата има добри темели, полесно е да ја градиш.
* Како се замислувате за 20 и повеќе години од сега, каков би бил Тарик како пензионер?
- Би сакал да патувам, да поминувам многу време во Истра. Сакам и понатаму да останам големо дете какво што сум и сега.
Милица Џаровска