„Од 129 кг дојдов на 73 кг со следење на овие 5 правила“: Овие совети можат да му помогнат на секој да ослабe

Добивај вести на Viber

Киа Твиселман тврди дека дошла од 129 килограми на 73 килограми благодарение на едноставни 5 правила за здравје

Киа Твиселман живее во Калифорнија и благодарение на правилата за здрава исхрана и вежбање успеа да ослабе 56 килограми за година и пол.

Таа вели дека цел живот мислела дека нејзината тежина е резултат на лоша генетика, па „стигнала“ до неверојатни 129 килограми. Но, тогаш сè се смени и за две години таа изгуби неверојатни 56 килограми.


„Изгубив 45 килограми за помалку од една година, а ослабев вкупно 56 килограми. Сето тоа е благодарение на здравата исхрана и вежбањето. Промената на моите навики го подобри и мојот живот. Покрај тоа што сум послаба и поздрава, се чувствувам подобро и позадоволна сум од моето тело“, истакнува Киа.

Како што вели, за време на диетата следела само 5 правила.

„Се будев еден час порано од вообичаеното. Секое утро запишував 10 работи за кои бев благодарна. Си ветив дека ќе пијам доволно вода. Петтата промена е физичката активност, која пред трансформацијата секогаш беше на последно место за мене и нешто за што немав време“, вели таа и додава дека секој ден вежба по 30 минути.


5 здрави навики кои секој од нас треба да ги следи:

1. Редовен сон - 8 часа сон „во едно парче“

2. Одење на спиење во 22 часот, најдоцна до 23 часот - без телефон или телевизор пред спиење

3. Молитва, медитација - сè што ќе ве поврзе духовно со себе

4. Готвени јадења, „на лажица“ – секој ден

5. Физичка активност – колку години имате, толку минути пешачење наеднаш секој ден


5 нездрави навики кои не уништуваат:

1. Вечера после 19ч

2. Недоволна хигиена

3. Слаба физичка активност

4. Брза и сува храна и прејадување

5. Постојано гледање во телефонот



Извор: stil.kurir.rs

ФОТО: Инстаграм