Од детството најмногу се сеќаваше на гладот: Тешкиот животен пат на великанот Енио Мориконе

Италијанскиот композитор и диригент Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст, а некои детали од неговата биографија се малку познати за јавноста.

Енио Мориконе е роден во Рим како син на Либера и Марија Мориконе, џез-трубачи. Се школувал во Националната академија на Света Сесилија за труба, композиција, хорска музика и хорско диригирање под Гофред Петраси, кој имал големо влијание врз него и на кого Мориконе посветил многу концертни дела.

Мориконе ги напишал своите први композиции кога имал само шест години, а бил охрабрен да го развива овој талент и обучен да биде подготвен да ги преземе улогите на татко, и дома и на работа.

Принуден од неговиот татко да ја земе трубата, тој прво отишол во Санта Сесилија за да зема часови на овој инструмент кога имал девет години. Морикон официјално влезе во конзерваториумот во 1940 година на 12-годишна возраст, запишувајќи се во четиригодишна програма за хармонија. Тоа беа тешките години од Втората светска војна во силно бомбардираниот „отворен град“, а композиторот истакна дека она на што најмногу се сеќава во тие години е гладот.

Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните 50-ти. Тој е добро познат по долгогодишните соработки со меѓународно признатите режисери како Серхио Леоне, Брајан де Палма, Бери Левинсон и Џузепе Торнаторе.

Неговиот ран опус вклучувал симфониска и камерна музика, а тој ја изградил својата репутација пред се со пишување музика за филм, но и за театар и телевизија. Составил и уредувал партитури за повеќе од 500 филмски и телевизиски продукции.

Никогаш нема да се заборави музиката за Шпагети вестерн класиците „За грст долари“, „За долар повеќе“, „Добриот, лошиот и грдиот“, „Беше еднаш на дивиот запад“, како и музиката за хорор класиката „Суштество“ на Џон Карпентер, „Беше еднаш во Америка“, „Недопирливите“ и други...

Мориконе го доби почесниот „Оскар“ од Американската филмска академија во 2007 година, а во 2016 година „Оскарот“ за музика за филмот на Квентин Тарантино „Омразените осуммина“.

И ние ја имавме честа да го видиме и да ги почуствуваме врвните звуци. Во 2009 година тој настапи на отворањето на 49-то издание на Фестивалот „Охридско лето“. Беше диригент на музичкиот спектакл „Беше еднаш во Македонија“, а тогашниот претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, во Охрид го одликуваше со „Орден за заслуги за Македонија“ поради исклучителни резултати во неговото музичко творештво.

Оскаровецот музичар и композитор почина ноќта помеѓу 5 и 6 јули во римска клиника како резултат на пад, при што го скрши колкот. Погребот ќе се одржи во кругот на семејството - „во духот на чувството за смирение кое отсекогаш ги инспирирало делата на неговото постоење“.