Од густа коса ве делат само овие 2 навики пред спиење: Поттикнете го растот на тенката коса со примена на овие 6 чекори

Добивај вести на Viber

Главното прашање на оние кои се борат со тенка коса е: „Како да се поттикне нејзиниот раст?“. Еве го одговорот!

Доколку имате проблеми со опаѓање на косата или имате проретчена коса, веруваме дека сте пробале различни начини да го забрзате нејзиниот раст.

Иако растот на косата најчесто се припишува на генетиката, тоа не значи дека не можете да влијаете на него, а освен неколку клучни трикови, подеднакво е важно да се вооружите со трпение и соодветни производи.

Не треба да ги игнорирате другите фактори: хормонална нерамнотежа, стрес, прекумерна изложеност на косата на апарати со висока топлина итн. Сето ова може да биде причина за лош квалитет на косата, губење на косата и забавен раст.

View this post on Instagram

A post shared by Monique M Rapier (@moniquemrapier)


Инфлуенсерката Моник М Рапиер, чии совети за нега на коса ги следат речиси 150.000 луѓе, сподели видео во кое чекор по чекор објаснува како од тенка и безживотна коса преминала до бујна и густа коса.


Во 6 чекори таа објасни што користи за раст на косата:

1. Најмалку два пати неделно ја масира косата со масло кое го поттикнува растот на косата, а потоа ја оставам таа маска да делува преку ноќ. Маслата што ги користи се: рицинусово масло, масло од црн ким или масло од рузмарин.

2. Спие со свилена марама или свилена навлака за перница.

3. Ја суши косата до под увото. Овој трик не само што помага да не ви се витка косата, туку и овозможува вашата коса да расте без никакво оштетување.

4. Конзумира биотин и топло им го препорачува на сите бидејќи помага во зајакнување на косата.

5. Открила дека на косата ѝ требаат повеќе протеини и почнала да користи оризова вода која го стимулира растот.

6. Користи шампон за длабинско миење само еднаш неделно. Токму овој шампон помага да се одржи вашата коса здрава, а плус поттикнува нормален циклус на раст на косата.


Извор: elle.rs