Одам дома да умрам, моето време на Земјата заврши: Три дена пред да почине, водителка од болница си ја предвиде судбината

Познатата ирска телевизиска водителка Ајдин Кенеди почина на 43-годишна возраст од тешка болест, јавува „Дејли мејл“. Нејзината смрт настапи само неколку дена откако во јавноста призна дека е во болница и побара „да се молиме за неа“.

Ајдин минатиот вторник напиша дека има крварење во стомакот, споделувајќи фотографија од една од 12-те трансфузии на крв што ги примила, а потоа додаде дека „ќе оди дома да умре“. За жал, нејзината претпоставка се покажа точна само три дена подоцна.

„Значи, не ми оди многу добро во животот и не сум ништо подобра од кога дојдов во болница, така што во основа - ќе одам дома да умрам, но добивам палијативна нега. Моите деца знаат. Кога некогаш ќе ги сретнете, знајте дека тие се најљубезните, најслатките и најблагодарните деца“, напиша таа на Твитер.

Таа сподели и селфи со своите малечки - Јакоб и Ева, како и фотографија од цртеж кој ѝ го подариле и на кој пишувало: „За мама, се надеваме дека наскоро ќе закрепнеш. Те сакаме многу."

„Моето време овде на Земјата заврши, жал ми е поради тоа. Но, нема повеќе болка или болест за вас сега. Нема повеќе тага или траума“, додаде таа.

На социјалните мрежи од Ајдин се простуваат бројни познаници и пријатели, а британските медиуми пренесуваат дека ова е уште еден удар за нејзините родители кои веќе изгубиле три деца. Нејзиниот брат Дара починал на 35-годишна возраст од тумор на мозокот, а нејзината сестра Фиона починала на 44-годишна возраст од рак. Исто така, нејзиниот постар брат Рори загинал во сообраќајна несреќа кога имал само една година.


Извор: zena.blic.rs