Здравје // Совети
ОМИКРОН ЌЕ ГО ЗАБРЗА КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА: Германскиот епидемиолог Лаутербах тврди дека може да биде помалку смртоносен
Омикрон, новиот вид на коронавирусот, може да биде божикен подарок, ако навистина се покаже дека предизвикува поблага клиничка слика, тврди германскиот епидемиолог Карл Лаутербах.
Д-р Лаутербах, кој најверојатно ќе биде следниот министер за здравство на Германија, рече дека „според првите достапни податоци, омикрон би можел да биде подарок за Божик, што може дури и да го забрза крајот на пандемијата“.
-Голем број мутации може да значи дека вирусот ја оптимизирал својата инфективност и може да биде помалку смртоносен. Ова би било во согласност со начинот на кој се развиваат повеќето респираторни вируси“, вели германскиот епидемиолог. Повеќе прочитајте на Фактор.мк