Ослабев 32 килограми со операција на желудникот: Искрена приказна на виолинистката Риана Рамиз

Добивај вести на Viber

Пред нешто повеќе од една година, професорката по виолина Риана Рамиз од Скопје, со храбар потег реши сосема да го смени начинот на живот и својот физички изглед. Риана загуби 32 килограми со операцијата на желудник која ја направила кај познатиот доктор Гурдал Орен и неговиот тим во „Кадикој“ болницата во Истанбул. За Женски магазин, музичарката раскажа дека денот на операцијата, сега го слави како свој роденден. 

„Пред точно една година, се решив да направам Obesy Surgery односно Metod Batiatric sleeve Кратење на желудник. Тоа е лапараскопска операција со која се крати 70-80% од желудникот и пациентите по интервенцијата имаат 20-30%  желудник. По кратењето на желудникот живееме нормално како и луѓето со цел желудник. Хормонот Grehalin кој се наоѓа на горниот дел од желудникот е скратен и поради тоа не чувствуваме глад. Кај гојазните тој хормон ја прави целата збрка. По оваа операција ние имаме мал желудник, како на бебе, па така и се храниме првите две недели“, ја започна својата приказна Риана.  По 14 дена, се продолжува со таканаречениот пире период, а од првиот месец со храна за џвакање. 

Риана во Истанбул пред една година направила операција на желудникот 

„ Проблеми со дебелината сум имала од кога памтам за мене. Ендокринолози, разни  диети, чаеви, прашоци, таблети, начини на исхрана. Секогаш со некој резултат, но краткотраен. Дали улога играла дисциплината или не, хормоните или не, решение за мојата гојазност не најдов“, искрена е професорката по виолина која работи во музичко училиште во Куманово и во Скопје, и е добитник на повеќе од 130 државни и меѓународни награди. 

За прв пат, за Хирургијата за гојазни слушнала пред неколку години, на една американска телевизија, но сето тоа било многу филмски и недостижно за неа. 

За докторот Гурдал Орен вели дека ѝ го сменил животот

„Преку социјалните мрежи потоа постојано гледав слики на гојазни луѓе пред и потоа, кои ја извршиле оваа интервенција, но пресуден момент за да се одлучам на овој чекор беше кога видов блиска роднина за која веќе имав слушнато дека се оперирала 6 месеци претходно. Истата беше преполовена од нејзината тежина, а воедно и здрава, витална и фит. Оттука се роди мојата желба да дознаам повеќе за Obesy Surgery и да го најдам моето решение. Приказната започна“, раскажува Риана. 

Информации на почетокот барала во неколку европски болници, па во приватни болници кај нас во Скопје, за на крај да дојде до болници во Турција. Благодарение на нејзината другарка Наташа која живее во Анталија стапила во контакт со Оп.ДР.Гурдал Орен, и со Мерт Агбаба, неговиот генерален координатор. 

„ Операцијата траеше околу 20-40 минути. Цената за интервенцијата зависи од MBI-boddy mass index на пациентот, зависи и од историјата на заболувањата, дали претходно имал некоја друга операција и слично. Цените кај нив се изразени во турски лири, и се варијабилни во однос на движењето на курсот на лирата. Цените кои ги добив во нашите приватни болници во Скопје се повисоки. Не само цената, туку искуството на докторот, резултатите на неговите пациенти, бројот на операциите и неговио тим беа пресудни јас да земам термин, животот да го ставам под нож, и да го доверам во рацете на докторот“, ни раскажа Риана за своето искуство. 

Тоа што имала вишок килограми, многу негативно влијаело на нејзиниот социјален живот. 

„ Паметам дека не можев и јас да се облечам како моите другарки во фармерки или фустан за излегување. Дополнителен проблем ми беше шопингот, не можев да најдам соодветна облека. Сѐ што ми се допаѓаше на излогот од бутиците го немаше мојот конфекциски број. Секогаш бев дотерана на секој настап, мој концерт или концерт на моите ученици,секогаш со скапа марама и скап фустан, но сѐ беше џабе. Колку и да сакаш да се покриеш,толку повеќе габаритноста се забележува“, вели Риана. Подоцна, таа сфатила дека оваа операција е како што вели- последното, реално и вистинито решение откако куп пари, нерви и време потрошила на прашоци, апчиња, чаеви и салони за убавина. 

„ Една година по извршената операција имам 32 килограми помалку“, гордо изјавува професорката по виолина. „По неа, често слушам дека луѓето загубиле 50, 80, 100 килограми. Но, среќа сум имала што сум се одлучила на време, на самиот старт од трицифрената бројка на вагата. Без разлика дали пациентите се 100 или 200 килограми, за една година сите доаѓаат близу својата идеална тежина“, додава таа. 

Денес, Риана е среќна со своите минус 32 килограми или конфекциска разлика од ХХЛ на М. Претходно носела конфекциски број од 48 до, а сега носи 38-40. 

Сега сум здрава и фит.- Риана со пријателки 

Во однос на здравствениот аспект, Риана вели дека сега е апсолутно здрава и фит. Порано имала проблеми со крвниот притисок кој постојано ѝ варирал, покачени масти, холестерол и повеќе други пореметувања за кои причина била гојазноста. 

„ Од психолошки аспект, многу сум посреќна и посмирена, особено кога одам на шопинг. Крвната слика ми е одлична. Порано сите доктори ми велеа: „Риана, мораш да ослабнеш, но никој не ми го спомена ова како решение. Дебелината е состојба која придонесува за куп болести, па кога човек ќе размисли убаво, ова е инвестиција за здравјето , инвестиција за себе“, завршува Риана. 

Сега, кога желудникот ѝ помал, вели дека се заситува со многу помалку храна. Времето не ѝ дозволува да има многу физички активности, но одвреме на време оди на фитнес. Во последно време, прави третмани за зацврстување и обликување на телото. 

Со докоторот на кој му бескрајно благодарна, таа е сега добра пријателка. Тој бил гостин во Скопје минатата година, но и пред неколку дена, по повод првиот роденден од операцијата. 

Милица Џаровска