Осум навики на луѓето кои речиси никогаш не се разболуваат
Дали сте се запрашале што прават луѓето кои речиси никогаш не се
разболуваат, ниту од сезонска настинка? Покрај генетиката која игра голема
улога, сепак имунолошкиот систем е повеќе од генетика и е поврзан со животниот
стил.
Ова се навиките на луѓето кои ретко се разболуваат:
Користете Витамин Ц
Силниот имунолошки систем не штити од вируси и останати штетни влијанија и така придонесува да останеме здрави. Витаминот Ц особено, ни помага да го зацврстиме нашиот имунолошки систем. Бидејќи нашето тело не може самостојно да произведе витамин Ц, мора да го внесеме преку храна и пијалоци.Балансираниот начин на исхрана, во која има висок процент на овошје и зеленчук ги обезбедува препорачните дневни дози на витамин Ц. Тие се – 95 мг дневно за жени и 110 мг на ден за мажи.
Спијте доволно
Бројни студии укажуваат дека квалитетниот сон го помага правилното функционирање на имунолошкиот систем, а експертите препорачуваат од 7 до 9 часа сон за подобар имунитет.
Смејте се
Смеењето е здравје. Ако омилени филмови ви се драми и хорор, време е за промена. Гледајте комедии и измамете насмевка на Вашето лице. Токму насмевката и хормонот на среќа се тие кои го зајакнуваат организмот.
Јадете зелен лисест зеленчук
Здравите луѓе консумираат многу зелен лисест зеленчук. Овој зеленчук содржи многу антиоксиданти и витамини кои го подобруваат имунитетот. Бројни истражувања покажуваат дека зелениот лисест зеленчук има суштинско значење за имунолошкиот систем.
Откажете се од штетните навики
Ако сте пушач, време е да ја промените оваа навика. Има една анегдота која ја кажал познатиот писател Марк Твејн: „Откажувањето од пушење е лесно. Јас сум го сторил тоа илјада пати“. Зошто пушачите не можат да се откажат? Одговорот е никотинот. Тој создава зависност, но не е главниот причинител на болести поврзани со пушењето. Научните истражувања покажуваат дека најголем виновник за болестите е чадот од тутунот. Благодарение на науката и технологијата, постои начин да се избегне согорувањето и емисијата на штетни материи. Помалку штетните алтернативи, како електронските уреди што го загреваат тутунот, на пушачите им овозможуваат подобар избор, затоа што процесот на согорување е целосно избегнат.
Вежбајте
Не мора да поминувате многу часови во сала и да вежбате за да го подобрите Вашето здравје. Доволна е 30 минутна дневна прошетка на свеж воздух за подобар имунитет. Или наместо половина час да гледате во Вашиот телефон, можете да пробате лесни вежби или јога после кои ќе се чувствувате свежо и убаво.
Пијте вода
Речиси 60 проценти од човечкото тело се состои од вода. Три четвртини од мозокот и срцето се составени од вода, 83% од белите дробови се вода, па дури и коските се 31 отсто вода. Секојдневното консумирање на доволно количество вода е посебно важно. Без вода, набрзо ќе ја изгубиме енергијата, ќе ни се намали расположението и крвниот притисок и кожата ќе ни станува се посува.Хроничната дехидрација, во подолг временски период, може да придонесе за развој на состојби како дијабетес, зголемување на тежината, проблеми со кожата, висок холестерол, висок притисок, дигестивни проблеми. Затоа, пијте доволно вода и останете полни со енергија, истовремено спречувајќи ги негативните последици од хроничната дехидрација.
Размислувајте позитивно
Ако размислувате дека ќе се разболете седејќи покрај некој кој кашла и кива, најверојатно и ќе се разболете. Позитивното размислување го јакне имунолошкиот систем и веројатноста дека ќе се разболете е многу мала. Со позитивно мислење ќе поминувате полесно во животот.