Откриено: Меган Маркл никогаш не носи црвен кармин од оваа причина

Добивај вести на Viber

Меган Маркл е една од дамите на чиј стил завидуваат многу жени, сите поради безвременските и класични парчиња. Кога станува збор за шминката на Војвотката од Сасекс, секогаш може да ја видиме  во неутрални тонови и вечно убавиот природен изглед.

Убавата сопруга на принцот Хари обично сака да ги истакне очите или веѓите, но и покрај нејзината љубов кон класиците, еден тренд не и е воопшто драг. Тоа е црвениот кармин, а нејзиниот пријател и шминкер Даниел Мартин јавно откри зошто Меган никогаш нема да ја видиме со црвени усни.

- Меган еднаш носеше црвен кармин и не се чувствуваше удобно. Меган сака да зборува и не е особено педантна, па затоа не сака да се грижи за работи како карминот. Затоа, секогаш избира неутрални нијанси, со кои се чувствува опуштено и сигурно - вели Мартин, во интервју за магазинот „People“. Исто така, тој откри дека Меган најчесто се шминка сама и тоа баш и оди од рака.