Отсутен поглед, тажно лице: Принцезата Шарлин се врати во јавноста, но сите се загрижени

Дали ја прати проклетството на принцезата Грејс Кели? Дали кралското семејство од Монако е проколнато? И принцезата Шарлин, сопругата на принцот Алберт по се изгледа дека не може да избега од чудните нешта кои го задесија ова семејство.

Шарлин покрај тоа што престојуваше во една швајцарска елитна клиника, далеку од очите на јавноста поради психолошки и ментални бариери, минатата година помина десет месеци во родната Јужна Африка. Таму беше оперирана по тешка инфекција на синусите за време на самостојното хуманитарно патување.

Сега се врати во Монако, но последните слики говорат зошто таа ја нарекуваат најтажнат принцеза.

Шарлин се појави на трката Формула 1 Монако Е-при придружувана од својот сопруг принцот Алберт и близнаците, принцот Жак и принцезата Габриел. Ова е, воедно, првпат нацијата да ја види во јавност по долги шест месеци отсуство и престој во клиника за ментално здравје.

Во сив предимензиониран костум и панталони со мошне ефектни изрези на страните, принцезата Шарлин се појавила на сцената на Монако Е-При, трката на Формула 1.


Замислената принцеза постојано гледала во подот и се обидувала да го тргне погледот од фоторепортерот и нејзиниот сопруг, а јавноста можеше да забележи дека таа едвај се насмевнала.

Ова е првпат 44-годишната монегашка принцеза да се појави во јавноста по долгото отсуство и престојот во швајцарската клиника за ментално здравје.

Познато е само дека за Велигден се вратила кај семејството и празниците ги поминала со децата и сопругот.

Во текот на нејзиното доаѓање за да го прогласи победникот во Формула 1, седумгодишната принцеза Габриела цврсто ја прегрнала мајка си, јасно ставајќи ѝ до знаење дека повеќе не сака да се одвојува од неа.

Фото: Инстаграм