Ова е еден од најстарите обичаи: Еве зошто позади некој се истура вода!

Нека тече лесно, како вода

Истурање вода е стар обичај! Според верувањето на нашиот народ, тоа им носи среќа на оние кои одат на пат или вршат некоја важна работа, или доколку започнуваат ново поглавје во животот (на пример кога дете оди на првиот училишен ден, кога личност прв ден оди на работа, или на нова работа...)

Тоа обично го прават нашите најблиски, кои се постари. Затоа, немојте да се чудите ако одите на испит или интервју за работа, а баба ви или мајка ви истурат бокал со вода зад вас. Исто така, овој обичај се користел кога мажите оделе во војска.

Етнолозите сметаат дека истурената, односно проточна вода симболизира подвижност, леснотија на движење, дека не застанува и не заглавува, а со истурање на вода се чини дека нечија работа оди без проблеми, исто како и истурената вода.

При чинот на истурање на водата во некои делови се вели: „Со лесно нека е, како водата што тече“ или „Нека оди чисто и бистро како вода“.


Фото: unsplash