Ова е македонската жена Феникс: По ужасната трагедија, пејачката продолжи напред

Благица Калева е една од најдобрите вокалистки на домашната фолк-сцена. Повеќе од две и пол децении настапува со групата „Модус“, во нејзината кариера има бројни фестивалски признанија и постојано пее на хуманитарни настани. Има прекрасен глас, секогаш изгледа отмерно и приземно, а пее со многу емоции.

Но, трагедијата не ја заобиколи. Пред 18 години во сообраќајна несреќа ги изгуби ќерката Викторија и сопругот Костадин, а пред две годни победи на „Фолк фест Валандово“ со емотивната балада „Горда мајка“ инспирирана од нејзиниот живот. Ѝ ја посвети на другата ќерка Марија со која ја делат болката по големата семејна трагедија.

- Марија е мојот живот, мојата светлина во животот. За неа живеам и се борам. Редно беше и нејзе да ѝ посветам песна од мојата ризница. Ова е уште една чувствителна композиција поврзана со мојот живот - изјави Калева кога тогаш триумфира на фестивалот.

Денес живее со својата ќерка, активна е сеуште на музичко поле, помага секому, хумана е и знае што значи да се биде скршен, но знае и што значи да се продолжи понатака.

Благица, секоја чест!

Фото: Фб.