Оваа кашмир руса нијанса ќе биде хит зимава: Ана Кокиќ и Милица Павловиќ потврдуваат дека е број еден (ФОТО)
Прелистувајќи ги трендовите за коса за зимава, едно нешто се повторува одново и одново - кашмирската руса боја на коса ќе биде сè повеќе барана.
Ако размислувате за промена на бојата на косата оваа зима, постои еден тренд кој привлече најголемо внимание. Кашмирската руса боја на коса е истовремено мека, зачудувачкa и мазна како што е кашмирот.
Тоа е техника на прамени, која се поврзува со кашмир поради неговиот нежен, луксузен, внимателно рачно ткаен изглед, што резултира со прекрасно лесен и топол производ.
Пејачката Ана Кокиќ има успешна музичка кариера повеќе од 20 години, а нејзината руса боја на коса е секогаш беспрекорна и таа го следи токму трендот на кашмир руса коса.
Милица Павловиќ е личност која ретко се држи до една боја на коса. Сака да експериментира, но русата кашмир боја е дефинитивно нијанса на боја која знае совршено да ја извлече и ја носи периодов.