Овесен чоко колач: Здрав десерт кој се јаде без грижа на совест

Добивај вести на Viber

Доколку постои здрав десерт, тогаш тоа е овој...

Состојки:

100 + 150 грама овесни снегулки;

50 грама ореви;

50 грама лешници;

120 грама мед;

сол;

200 грама црна чоколада;

180 грама путер од кикирики.

Подготовка: 

Овесните снегулки (100 грама), оревите и лешниците изблендирајте ги, а потоа истурете ги во подлабок сад. Потоа во садот истурете ги и останатите овесни снегулки.

Додадејте малку сол, екстрат од ванила и мед. Измешајте ги состојките. 2/3 од смесата истурете ја во калап, кој е прекриен со хартија за печење. Оставете малку да отстои на ладно.

Растопете го чоколадото и путерот до кикирики. Со ова премачкајте ја претходно истурената смеса во калапот. Врз филот додадете ја и преостанатата смеса од овес. 

Оставете го десертот да се олади, а потоа уживајте во неговиот неповторлив вкус.


* ПР - објава

фото: Igy the cook