Овие 3 бројки носат среќа: Љубовниот живот ќе ви цвета доколку ги имате во датумот на раѓање
Нумеролозите веруваат дека среќници се оние кои имаат одредени бројки во датумот на раѓање.
Нумерологијата толкува како броевите и нивните комбинации влијаат на сите области од нашиот живот – работата, љубовта, здравјето. Токму затоа, тие веруваат дека луѓето кои имаат одреден број во датумот на раѓање имаат повеќе среќа во љубовта од другите. Овие 3 датуми на раѓање носат среќа во љубовта и партнерството.
Број 2
Бројот 2 симболизира партнерство, хармонија и соработка. Луѓето родени на овој датум имаат силна потреба за љубов и емоционална сигурност. Тие се нежни, сочувствителни и сакаат хармонични врски. Често се подготвени на компромиси и го ценат мирот во врската.
Број 6
Бројот 6 претставува љубов, семејство и одговорност. Тоа е бројка што често се поврзува со љубовта кон домот и семејството. Луѓето под влијание на бројот 6 се грижливи, лојални и сакаат да создаваат безбедна и љубовна средина. Нивната љубов често е несебична и поддржувачка.
Број 9
Бројот 9 симболизира универзална љубов, емпатија. Луѓето со овој број во датумот на раѓање често ја гледаат љубовта како нешто што треба да се сподели со целиот свет. Тие се дарежливи, сочувствителни и имаат длабока потреба да им помагаат на другите. Нивната љубов често е безусловна, поради што се добри партнери во врската и бракот.
Фото:Фрипик