Овие хороскопски знаци уживаат да бидат сами

Добивај вести на Viber

Со оглед на тоа што Стрелците не се емоционално подготвени за сериозна врска, тие се најсреќни кога се сингл и кога уживаат со себе. На Стрелците не им пречи да се во врска сè додека тие ги носат важните одлуки. Тоа не значи дека сакаат да контролираат, туку ако сфатат дека нештата стануваат пресериозни, да можат побрзо да излезат од врската. 

Водолиите се многу посреќни кога се сингл затоа што се неверојатно независни личности. Тие не тежнеат кон интимност и близина како другите знаци, па ако им е потребна блиска личност, можат да ја најдат потребната поддршка и од пријателите, семејството

Девиците се премногу пребирливи кога станува збор за врските. Затоа и попрво би биле сингл отколку да се задоволат со партнер кој не е обликуван според сите нивни (нереални) стандарди.

Близнаците се многу посреќни кога се сингл, отколку кога се во врска и сите што ги познаваат лесно можат да го забележат тоа. Не дека тие не уживаат во врските, но најчесто преферираат да се слободни. За нив, најдобрите врски се забавни и безгрижни, без ограничувања и обврски.