Овој појадок е бомба за имунитет: Се подготвува за 5 минути, а е неверојатно здрав и вкусен
Овесната каша со јаболко е бомба за имунитет. Овој појадок е одличен за варење и за вашата линија. Полн е со цинк кој го зајакнува имунитетот. Овошјето е богато со витамин Ц, а медот го зајакнува и имунитетот.
Појадокот е најважниот оброк во денот, а овој рецепт ќе ви обезбеди доволно енергија и сила. Покрај тоа, ќе ве држи сити до ручек, а меѓу оброците нема да посегнувате по грицки или слатки.
Состојки за 4 порции:
-2 чаши вода;
-1 чаша овесни снегулки;
-1 големо јаболко,
-1 кафена лажичка цимет;
10 бадеми,
-2 лажици сусам и/или семки од тиква;
-2 лажици мед,
-половина чаша бобинки
Подготовка:
Јаболкото исечкајте го и варете го во вода додека не омекне. Додека го готвите јаболкото загрејте ја водата и кога ќе зоврие додадете ја овесната каша. Гответе до саканата густина на умерен оган околу 5 минути, постојано мешајќи. Во овесната каша додадете ги варените јаболка и медот и убаво измешајте. Послужете разладено посипано со цимет, бадеми, семки и овошје.
Плус совет: За дополнителна ситост и поддршка на имунитетот, послужете ја кашата со јогурт или друг напиток од ферментирано млеко, бидејќи природно содржат корисни бактерии кои благотворно делуваат на здравјето на дигестивниот систем, а со тоа и на зајакнување на имунитетот.
FOTO: Freepik