Папалини (гирици) во рерна: Лесно се прават, не се мрсни и готови се „додека да тепнеш“

Добивај вести на Viber

Рибата е храна богата со омега 3 масни киселини, а гиириците важат за едни од најздравите риби. Го регулираат крвниот притисок, го зајакнуваат имунитетот и влијаат на згрутчувањето на крвта. Ви предлагаме да направите овие папалини (гирици) во рерна. Тие се сочни, диетални и брзо ќе ги подготвите.

Потребно е:

500 гр замрзнати рипчиња

4 супени лажици маслиново масло

2 лажици палента

1 полна лажичка сол

половина лажичка лук во прав

Забелешка:

Пред подготовка, одмрзнете ги рипчињата и оставете ги да се исцедат. Исушете со хартија.

Подготовка

Во длабок сад ставете ги гириците и попрскајте ги со маслиново масло. Веднаш додадете ја палентата, солот и лукот. Сè добро измешајте со рацете. Потребно е рибата да се премачка со зачини од сите страни. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и печете  на 180 степени околу 20 минути, додека не поруменат. Испечените гирици посипете ги со сок од лимон (по желба) и послужете ги со компири и блитва.

Фото:freepik