Пејачката Симона Поповска го откри името на новородениот син и сподели портрети од бременоста (ФОТО)

Неколку дена по раѓањето на второто чедо, пејачката Симона Поповска официјално соопшти дека станала мајка по втор пат.

Поповска, која е и дерматолог, објави низа фотографии кои се направени за време на нејзината бременост.



Таа сподели и една фотографија од бебето, на кое откри и дека му го дале името Стефан.


Јавноста се изненади од информацијата дека пејачката станала мајка по втор пат, ако се земе предвид фактот дека на социјалните мрежи воопшто не споделуваше фотки кои навестуваат такво нешто.

Малиот Никола кој е прва радост за пејачката и нејзиниот сопруг се роди лани во април.

Симона во јуни 2018 се омажи за својот долгогодишен дечко, бизнисменот Крис Поповски. 


Фото: Инстаграм

Пејачката Симона Поповска стана мајка по втор пат: Доби уште еден син!