Пере Нокаут за Ацо Конга: Стари, недостасуваш

Пере Нокаут со емотивна објава се присети на својот колега Ацо Богдановски- Конга.

„Огромна чест што те познавав, што дружев, што соработував со тебе,
што направивме нешто што речиси после 25 години се уште трае, прераснува во нешто посериозно како идеологија, став на Нокаут,
се уште го одржувам бендот и вреди Ацо...
а тоа што вреди, секогаш смета и е трн во око...
Tака ми зборуваше тогаш, ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш...
Сега веќе да.
Стари, недостасуваш и знам дека се гледаме на друго место во друго време.“

Објавата ја лајкнаа многу колеги од музичката фела, додека пак Горан Папаз искоментира „Каков крал беше“, а пејачката Нина Јанева Николовски остави само срциња.


Извор и фото: Фејсбук профил на Никола Перевски