Рецепт за песто сос со бразилски ореви: Здрав и вкусен
Песто сосот се прави брзо и лесно, а сѐ што ви треба се добри, свежи состојки. Можете да го направите и со различни јаткасти плодови. Бразилските ореви се најбогат извор на селен во светот и се полни со витамини Е, Б и железо, затоа ги предлагаме како главна состојка.
Состојки:
50 гр бразилски оревисамо неколку листови босилек
1 чешне лук
30 гр пармезан
50 мл маслиново масло
сок од еден лимон
малку морска сол
свежа пиперка
Подготовка:
Чекор 1 - Измијте ги и исушете ги убаво листовите босилек. Додадете ги другите состојки и измешајте во блендер. Секако, уште подобро би било ако можете да користите аван, каде што уште подобро ќе се спојат вкусовите.
Чекор 2 - Послужете го пестото со тестенини или салата.
Чекор 3 - Пестото подготвено на овој начин најдобро се користи во рок од 3 до 5 дена.
Извор: www.mytastypot.com
*пр-објава