Планиран атентат на Аца Лукас: „Треба да го стреламе со снајпер“

Пејачот Аца Лукас подготви несекојдневен концерт и забава за публиката во Шабац, но се појавија неочекувани драматични моменти. Имено, незадоволни лица упатиле сериозни закани кон фолкерот, велејќи дека треба „да биде стрелан со снајпер“.

Имено, Лукас ќе настапи на градскиот плоштад во Шабац, а се појавија незадоволни мештани кои направија општа врева, незадоволни поединци отидоа чекор подалеку и на тој начин се спремни да пукаат со снајпер на популарниот српски пејач.

- Треба да се стрела со снајпер, тој е едно ѓубре, а и тој што го донел во градот - напишал извесен Иван.

Во оваа прилика медиумите го контактираа менаџерот Саша Мирковиќ, и побараа негов коментар.

- Утре сме во Шабац за сите граѓани на тој убав град и сигурно нема да не исплашат насилници кои сметаат дека луѓето треба да бидат убиени од снајперисти на улица. За жал, овие лица се поврзани со Ѓилас и Зеленовиќ, а истражните органи нека си ја завршат работата. Ќе подготвиме убава и незаборавна вечер исполнета со музика за сите граѓани - изјави тој за „Вести онлајн“.

Извор: 24sedam.rs/ espreso.co.rs