Аца Лукас шокира со изјавата дека на Беовизија се украдени 100.000 гласови: Имам докази, за 15 дена следи кривична пријава

фото:Printskrin/TV Prva

Аца Лукас гостувајќи во утринската програма на ТВ Прва рече дека има докази дека на овогодинешниот музички натпревар Беовизија биле украдени СМС гласови кои требало да одат во хуманитарни цели.

Затоа, како што вели, пејачот ќе поднесе кривична пријава против директорката на Јавниот сервис и уредничката на Забавната програма на РТС, Оливера Ковачевиќ, како и против пет членови на поротата.

„Имаме докази дека се украдени најмалку 100.000 гласови. Каде отидоа тие пари? Поднесуваме кривична пријава за тргување со влијание против уредникот на Забавната програма, како и кривична пријава за организиран криминал против директорот на РТС, главни уредници и пет членови на жирито. Имаме докази дека жирито доби инструкции да гласа“, рече Лукас.

Тој тврди дека не кажал дека Оливера Ковачевиќ ги зела парите за да победи Сара Јо, како што претходно се пишуваше во медиумите, туку дека сака да знае каде отишле парите од пораките.

Одамна знаев дека Оливера Ковачевиќ ги зела парите за победата на групата „Ураганки“ на претходната Беовизија, но сега утврдивме. За 15 дена ќе поднесам кривична пријава, имам 3 сведоци“, рече Лукас. Тој додаде:

"Не се лутам што изгубив, но РТС е мое и твое, колку и нивно. Не сакам никој да ме исмева. Не правете будали од нас. Како организирате измама, каде отидоа парите од пораките?“, праша Лукас. За актуелната победничка на Беовизија, Констракта, изјави  дека и посакува се најдобро и дека ќе ја поддржи во Торино, иако лично смета дека имало многу подобри песни.

извор:b92.net

Мајка на две деца, мажена за колега: Кој е сопругот на Констракта - овогодинешната претставничка на Србија за Евровизија