Плати и над 55 илјади денари, се бараат економисти и информатичари: Еве што треба да исполните ако сакате да работите во Народна банка

Првата монетарна куќа, односно Народната банка, повторно има потреба од нови вработувања, а овој пат тоа ќе бидат главно економисти кои ќе работат во пооделните дирекции, иако повторно се бараат и информатичари. Дел од нивните плати ќе бидат навистина примамливи и ќе изнесуваат и над 55 илјади денари.

Централната банка распиша оглас за прием на четворица извршители, кои ќе работат за различни суми на месечни надокнади.

Според огласот од централната банка, НБМ бара тројца извршители во Дирекцијата за платни системи. Првиот треба да работи на определено време во траење од две години, на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи.

Потоа, вториот извршител исто ќе биде на определено време во траење од две години, на работното место „помлад аналитичар почетен II степен“ во Отсекот за политика и развој на платните системи. Третото вработување е планирано за  извршител на неопределено време, на работното место „аналитичар II степен“ во Отсекот за политика и развој на платните системи.

И, четврти извршител се бара на определено време во траење од една година, на работното место „самостоен супервизор за информативни системи II степен“ во Канцеларијата за супервизија на информативни системи.

Сите профили што се бараат треба да исполнуваат и посебни услови.

Детали на Фактор.мк