По 13 години повторно во Дерми: Пеце од Суперхикс ужива во убавините на Албанија

Поради пандемијата на коронавирусот границите до многу држави кои излегуваат на море за граѓаните на нашата држава се затворени. Едно од ретките места каде што да одиме на одмор и да уживаме во солената вода е Албанија.

Многу наши граѓани заминаа таму, а помеѓу нив се најде и познатиот пејач и член на групата Суперхикс. Петар Младеновски или Пеце, како што сите го знаат ужива во благодетите на Дерми. Патем, тој откри дека на ова место не го посетил цели 13 години, а на социјалните мрежи сподели фотографии од неговиот одмор.

„Дерми љубов моја... помина некое време (13 години)“ - напиша пејачот покрај фотографиите кои ги сподели на својот Фејсбук профил.