По 3 спонтани абортуси, го прашав милиот Бог- Зошто? Потресна исповед на позната пејачка
Кантри пејачката Кери Андервуд имала три спонтани абортуси. Таа го потврди ова во своето интервју за Би-Би-Си, забележувајќи дека се плашела дека ќе доживее и четврт. Тогаш таа била многу повредена и лута за сè што минува низ нејзиниот живот.
- Плачев и се прашував зошто останував бремена, ако не можам да имам дете. Се лутев на милиот Бог и му реков или да ми дозволи да имам дете или нека ја затвори вратата. Тоа беше прв пат кога искрено му кажав што мислам и како се чувствувам. Тоа беше во саботата, а во понеделник отидов на лекар, очекувајќи дека повторно ќе ми кажат како сум имала спонтан абортус. Но, се беше во ред - вели 40 годишната пејачка.
Кери размислуваше и да посвои дете. Многу од луѓето ја пофалија нејзината намера, но сепак имаше и такви кои ја критикуваа.
Инаку за среќа, Андервуд и нејзиниот сопруг Мајк Фишер го дочекаа својот прв син Исаја Мајкл (7) во 2015 година. Четири години подоцна, парот го прошири своето семејство со раѓањето на нивниот втор син Џејкоб Брајан (3).