По грешка објавија дека починала: „Бонд девојката“ е жива и во болница

Вчера, понеделник, со брзината на светлината се прошири веста дека почина „Бонд девојката“, убавата Тања Робертс.

Денес пак, во медиумите осамна веста дека Тања е жива и хоспитализирана.
Имено, нејзиниот пријател и публицист, Мајк Пингел, во неделата, по грешка објави дека Робертс почина на 65-годишна возраст.
Сега Пингел вели дека Робертс е во критична состојба во болницата.
Тој за медиумите изјави дека по грешка ја објавил смртта на Тања Робертс врз основа на информациите што ги добил од нејзиниот партнер.

Робертс е на интензивна нега и состојбата ѝ е сериозна, рече Пингел за агенцијата ПА.

извор:BBC.com