Се вратила од прошетка и изгубила свест: Почина „Бонд девојката“ која го воодушеви светот со својата убавина

На публиката од овие простори ѝ беше позната по улогата на „Бонд девојка“

Актерката Тања Робертс почина на 66-годишна возраст. Според странските медиуми, таа синоќа ги шетала кучињата, се вратила дома од прошетка и изгубила свест. Иако била веднаш хоспитализирана, ѝ немало помош.

Засега не е позната причината за смртта, но потврдено е дека не станува збор за коронавирус.

Тања е позната по улогата на девојка на Бонд во филмот A View to a Kill, каде играше со Роџер Мур.

Покрај оваа улога, Тања играше и во многу смешни серии и филмови од седумдесеттите и осумдесеттите, а можеби е најпозната по улогата во серијата „Среќни седумдесетти“. Таа исто така глумеше во познатата серија „Ангелите на Чарли“.

Таа беше во брак со Бери Робертс од 1974 година до 2006 година, кога тој почина, тие немаа деца.

извор:glossy.espreso.rs
фотографии:profimedia