По Ријана и Адријана Лима: Во тоалета со отвор на трудничкиот стомак прошета со вереникот на филмскиот фестивал во Кан (ФОТО)
фото:profimedia
Адријана Лима го чека своето трето бебе, а прво заедничко со вереникот Андре, а веќе е мајка на ќерките Валентина (12) и Сиена (9) кои ги има со српскиот кошаркар Марко Јариќ.
Супермоделот (40) присуствуваше на проекцијата на Топ Ган: Маверик на Меѓународниот филмски фестивал во Кан во средата, каде што ја воодушеви публиката додека одеше на црвениот тепих со вереникот Андре Лемерс.
Лима, која го очекува своето прво дете со Лемерс, се облече во црн долг фустан кој има деколте и го открива нејзиниот стомак.
Манекенката, предизвика полемика дали овој фустан е прикладен или пак е едноставно „премногу“, а многумина ја споредија со трудничката мода на Ријана, која во текот на целата бременост носеше парчиња кои го откриваат нејзиниот стомак.
Мислевме дека го знаеме полот, но пристигна изненадување: Во тајност се породи Ријана
Во февруари, манекенката објави возбудлива вест за нејзината бременост со слатко видео споделено на TikTok. Видеото кое ја најавува бременоста содржи снимка од тоа колку пати филмскиот продуцент успеал да се сними себеси како ја плаши Лима. „Андре сака да ме плаши... но денес е време за одмазда“, напиша таа пред да му го открие позитивниот тест за бременост.