Без грам шминка, во поодмината бременост и на високи сандали: Адријана Лима пристигна во Европа со саканиот (ФОТО)
фото:Profimedia
Најпопуларната трудница во светот во овој момент, пристигна во Европа со својoт сакан и ги воодушеви сите.
Бразилската манекенка Адријана Лима денеска пристигна во Ница со својoт свршеник Андре Лемер, бидејќи во наредните денови ќе присуствува на меѓународниот филмски фестивал во Кан.
Популарната убавица која моментално е бремена е фотографирана на аеродром, а поранешната сопруга на кошаркарот Марко Јариќ пристигнала без шминка, совршено стилизирана и подготвена за папараците!
Адријана се појави во тесен комбинезон, чиј горен дел е превиткан, парче кое навидум ја издолжува фигурата, како со црната боја, така и со V деколтето на горниот дел.
фото:J.M. HAEDRICH / Sipa Press / Profimedia
Манекенката носеше долго бело палто со класичен дизајн, а сè комплетира со мала црна кожна чанта и проѕирни сандали со црни прерамки околу глуждот и кристал, на тенки потпетици.
фото:Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Бразилската убавица, инаку, секоја година е гостинка на Канскиот филмски фестивал, а со оглед на изданието во кое пристигна во Франција - едвај чекаме да видиме какви модни комбинации има подготвено трудницата Адријана за црвениот тепих!