Победнички фотографии што го изненадија жирито на Huawei Next Image натпреварот

Добивај вести на Viber

Huawei Next Image натпреварот заврши. Фотографи - ентузијасти од 20 земји имаа можност да ги достават своите фотографии и да учествуваат во трката за победник на натпреварот. Но, крајната цел беше повеќе од тоа. Сакавме да го видиме светот низ очите на луѓето од различни земји. Исто така, бевме љубопитни да дознаеме дали мобилната фотографија е присутна во нивните животи на дневна основа. Од 9 јули до 27 август пристигнаа вкупно 956.326 гласови. Избирачите гласаа за 67.610 фотографии, од кои 26.640 се во категоријата „Природа", што ја прави најпопуларна од вкупно шест категории.

Прогласување на победникот

Натпреварот за победниците предвиде драгоцени награди. Но, се разбира, најважната награда е признанието од луѓето. Добитник на главната награда Grand Prix е личноста што стои зад прекарот REKAPAVO за фотографијата Art & Leukemia, избрана од страна на жирито, меѓу многу други учесници, за да добие не само 10.000 евра, туку и MateBook X, како и патување во Италија со наслов „Италијанска фотографска експедиција" спонзорирана и организирана од National Geographic.

Освен тоа, победникот добива и простор во списанието National Geographic за објавување на фотографијата. Жирито ја избра оваа фотографија од сите фотографии кои беа со најголем број гласови од публиката.

Жири комисија

Next Image Awards CEE&Nordic Edition натпреварот беше фокусиран на едно специфично поле - фотографирање со мобилен телефон. Современите паметни телефони се опремени со камери кои можат да се натпреваруваат со традиционалните фотоапарати. Мобилната фотографија е можност за секој да го фати најдобриот момент, оние неверојатни секунди што можат да бидат дел од уметноста. Поради фактот што речиси секој има паметен телефон со камера во својата рака или џеб - тие можат да ја доловат магијата на секојдневната реалност. Сите овие фактори го отежнаа разгледувањето на жирито.

При изборот на наградените фотографии, жирито ги зема предвид трите главни карактеристики. Прво, уметничката вредност на одредена фотографија, второ - квалитетот и третиот - елемент на уникатност. 

Жири комисијата е формирана од шест реномирани личности со различно уметничко потекло. Доминик Брако – официјален фотограф на National Geographic, Алекс Ламбрехтс - овластен фотограф на Leica, Томаш Лазар – лауреат на World Press Photo, Боби Анвар - Дански фотограф, Гал Гадо - актерка и заштитно лице на Huawei P20 серијата;

Целата група е дополнета со Јанминг Ванг, претседател на Huawei Consumer Business Group, Huawei CEE&Nordic.

Категории и победници

Специфични категории и победничките фотографии од натпреварот се:


Faces - експериментирање со идентитетот и моќта на портретот (Романија);


Good night - фаќање моменти при слаба светлина (Полска);


Hello, life! - споделување емоции или инспирација во секојдневните искуства (Романија);


Check-in - откривање нови места и нови искуства (Бугарија);


Nature - флора, фауна и пејзажи во нивната природна состојба (Украина);


Story Board – раскажување приказна во 9 (девет) рамки, мрежа на фотографии од кои се развива значајна приказна (Чешка);

Награда од публика - награда за авторот на фотографијата со најголем број гласови од обожавателите

Награди

Победникот на Grand Prix, фотографот кој ја направи најдобрата фотографија според мислењето на жирито e награден со MateBook X, објавување на наградената фотографија во магазинот National Geographic и 10.000 евра. Дополнително, ќе стане дел од Националната географска експедиција. Во секоја категорија, победниците од првото место добија награда од 2.000 евра и MateBook X. Но, победниците не беа единствените кои добија награди. На фотографите кои освоија второ и трето место во секоја категорија им беа доделени Huawei P20 Pro и Huawei P20. Не смееме да заборавиме на наградата за авторот на фотографијата со најголем број гласови од публиката. Победникот, исто така, е награден со Huawei P20. Бројот на прекрасни фотографии беше неверојатно голем и многу учесници заслужуваат награди, но може да има само неколку најдобри.