Почина Аки Ракимовски: Менаџерот откри детали за смртта на пејачот на „Парни ваљак“

Пејачот Аки Ракимовски почина на 67 години. Неговиот менаџер Данур Осредечки ги потврди лошите вести.

„Му се слоши утрово, заврши во болница. Пред еден час ми се јавија дека починал, уште не ја знаеме причината за смртта“ - кажа Осредечки за „24 сата“.

Во текот на 2018 година, Аки доживеал мозочен удар, а по неколку месеци вака зборуваше за тоа дека ја победил болеста.

„Сега сѐ е во ред, па се гледа по мене, ги променив животните навики, искрено тешко, но навистина ќе биде сѐ океј“ - зборуваше Аки своевремено.