Подготвив совршено слатко од смокви во станот: За еден час имав 5 тегли за зимница (РЕЦЕПТ)
На интернет го пронајдов овој рецепт за слатко од смокви (кои штотуку ги купив тазе од пазарче), ја организирав кујната и за еден час имав 5 тегли од ова прекрасно слатко за зимската сезона.
Потребно е:
2 кг смокви;
1 литар вода
3 кг шеќер;
1 лимон.
Подготовка:
Смоквите убаво измијте ги, извадете ги дршките и секоја смоква прободете ја со чепкалка за заби.
Во големо тенџере додадете вода и шеќер, измешајте и ставете на шпорет да се свари шербетот. Измијте еден лимон, исечете го на тенки парчиња и додадете го во водата. Кога водата ќе зоврие додадете ги смоквите. Оставете ги полека да се варат околу половина час, можеби уште малку повеќе.
Кога ќе се направи убав сируп и ќе поруменат смоквите, исклучете го шпоретот, тргнете ги од оган и истурете ги во стерилизирани тегли.
Затворете ги со соодветни капаци, а потоа завиткајте ги теглите во крпи и оставете ги до утрото природно да се изладат. И така имате десерт од смокви, драги мои.
Извор: stil.kurir.rs