Поп и фолк ѕвезди на „Звуците на културата“ во Ѓорче

Добивај вести на Viber

Игор Џамбазов и Гуру Харе, ПМГ Колектив, Кристина Арнаудова, Тони Зен, Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Бени и Нон Стоп, Токсиколози, Чил Плеј, Миле Кузмановски, мјузикл Коштана, Милко, Летечки Пекинезери и многу други ќе настапат на манифестацијата „Звуците на културата“ во паркот во Ѓорче Петров. 

Манифестацијата започна вчера и ќе трае до 23 септември во општина Ѓорче Петров со разни музички и спортски содржини. 

Познати пејачи и бендов, базар, културни и спортски игри, работилници за деца, театарски претстави, хуманитарна акција, кино-проекција на отворено, катче за вдомување и помош на бездомни животни, ракотворби, баскер перформанси, како и презентација на храна и пијалоци од локални производители е само дел од она што ќе може да се види и слушне во Ѓорче Петров во средината на месецов.