Попладне повторно нестабилно време, утре стабилизација, в петок и сабота голем пресврт

Оваа среда метеоролозите најавуваат сончево и топло време со нестабилност која попладне ќе дојде до израз.

Метеоролозите од УХМР најавуваат локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индекстот ќе има вредност 8.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

УХМР соопшти дека  на повеќе места денеска ќе има нестабилно време, локално во форма на невреме, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.

Детали читајте на Фактор тука.