Поради лекарска грешка остана неподвижна со месеци: Познатата српска актерка ја напушти породилната сала во агонија

Драмата на Ивана Јовановиќ траеше со месеци

Актерката Ивана Јовановиќ која пред 12 години блескаше во улогата на Неда во серијата „Гревот на нејзината мајка“, исчезна без трага.

Во меѓувреме се дозна дека таа се развела од сопругот, архитектот Немања Чутурило, со кој помина седум години во брак. Имено таа се преселила во Америка со нејзиниот син Виктор, каде што започнала ново поглавје од животот.


Малку е познато дека по раѓањето на единственото дете, Ивана се соочи со вистинска животна драма. Долго време била врзана за кревет, а прогнозата била неизвесна.

Имено, на денот кој требало да ѝ биде најубав во животот, доаѓањето на нејзиниот син, таа засекогаш ќе памети дека при породувањето ѝ биле скршени три пршлени.

‒ Докторите подоцна ми рекоа дека требало да се породам со царски рез. Сепак, тие не го сторија тоа и направија грешка. Виктор беше големо бебе тешко четири и пол килограми. Бев под епидурална анестезија и не го чувствував долниот дел од телото, ниту контракциите. Докторот сакаше да го турне бебето и ми го удри стомак со лакт, но очигледно го направи тоа толку силно што ми пукнаа три пршлени. Не ни знаев за тоа се додека анестезијата не помина - раскажала тогаш таа.

Закрепнувањето траеше со месеци, но Ивана размислуваше позитивно и ниту еден момент не дозволи да се посомнева дека ќе застане на нозе, што на крајот и се случи, па му се врати на актерството.

Извор: espreso.co.rs