Последното интервју на Милена Дравиќ: Мојот живот сега е во рацете на Бога
Големата српска актерка Милена Дравиќ почина минатата ноќ во Клиничко-болничкиот центар во Бежјанијанска коса на 78 години, а како своите последни денови ги помина далеку од очите на јавноста, во тишината на болничкиот кревет.
Милена ги помина последните моменти во болница на апарати. Таа беше скромна и во најтешките денови, како и во целиот свој живот. Примаше посети само од најблиските.
- За моите здравствени проблеми знаеја само моите најблиски познаници, сопругот, брат ми Раде и најинтимните пријатели. Колегите од „Лара Томпсон" беа со мене, тие не сакаа да ја симнат претставата од репертоарот, изјави Милена своеврмено и истакна дека нејзиниот сопруг со неа поминал низ сите фази на болеста и во голема мера придонесол за исходот од борбата да биде позитивен.
Тешко се соочи со смртта на Драган Николиќ кој почина пред две годиниИмав многу тежок период по заминувањето на мојот Драган, дополнително и поради мојата болест, призна Милена Дравиќ по нејзиното гостување во Пула во јули,каде беше поздравена со овации од 15 минути. Една од најголемите ѕвезди на југословенската кинематографија во ексклузивно интервју за магазинот „Глорија“ тогаш отворено проговори за нејзиното здравје, смртта на сопругот Драган Николиќ и за повеќе интересни моменти кои ги доживеала зад камерите.
- Многу ми значи поддршката од фановите. Сфатив дека не сум отфрлена. Мојот живот е сега во рацете на Бога, но ми значи кога ќе видам дека некој навистина ја следел мојата работа, дека вистински се интересира за моето опоравување. Кога слушам убави зборови, дека сум единствената автентична актерка, повторно чувствувам љубов и ми се враќа насмевката - раскажа Дравиќ.
Милена Дравиќ на 65-от Пулски Филмски фестивал
На легендарната актерка пред една деценија ѝ беше дијагностициран рак на дојка. По смртта на Николиќ за медиумите потврди дека повторно се соочува со тешка болест.
Милена која на 5-ти октомври наполни 78 години во нејзината кариера има одиграно преку 160 филмски и телевизиски улоги.
Нејзината популарност и ја донела соработката со Љубиша Самарџиќ. Нејзината најпознати улоги се во филмовите „Козара", „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ", „Работа на одредено време", „Мојот татко на одредено време", „Секула повторно се жени", „Не е лесно со мажите" и „Замфирова Зона" .
Последната улога на телевизија што ја играше беше улогата на Ксенија, во популарната серија „Синџеличи".