Здравје // Рецепти
Посна погача со компир
Доколку постите, овој рецепт ќе ви биде добредојден во вашето мени. Посна погача со компир која има преубав вкус.
Состојки:
- 40 гр квасец
- 400 мл млака вода
- 700-800 гр брашно
- 2 лажички сол
- 2 лажички шеќер
- 100 мл масло
- 4 средни компири
- 150 гр посен маргарин
- 3-4 лажици посен мајонез
- сусам
Подготовка
- Компирите згответе ги во лушпа и оставете ги да се изладат.
- Во вангла издробете квасец, измешајте со шеќер, 3 лажички брашно и 100 мл млака вода. Оставете на топло да надојде. Потоа додајте го остатокот од водата и маслото, измешајте па додајте брашно. Прво помала количина, измешајте со лажица, додајте сол па остатокот од брашното. Оставете да надојде околу 30 минути.
- Тестото премесете го и поделете го на 8 помали јуфки, секоја развлечете ја тенко. На кружна тепсија ставете хартија за печење или намастете со маргарин, редете кора, малку рендан компир, неколку лажици растопен маргарин, сол и така сè до крај.
- Засечете ја погачата на неколку места и оставете да надојде. Премачкајте со мајонез, посипете со сусам, може и рузмарин и печете на 200 степени околу 40 минути.