Посни мафини со маслинки: Рецепт за оние кои постат

Добивај вести на Viber

За подготовка на овие посни и вкусни мафини се потребни следниве намирници:

-половина чаша бело брашно

-1 ипол чаша пченично брашно

-1 ипол чаша минерална вода

-половина чаша маслиново масло

-1 прашак за пециво

-1 лажичка сол

- маслинки (околку една шака)

-1 лажичка мелен лен

-1 лажица сусам

- излупени семки од тиква


Начин на подготовка:

Во сад ги мешаме белото и пченичното брашно, мелениот лен и сусамот, сол и прашакот за пециво. Откако ќе ја промешате смесата со сувите состојки додајте ги маслинките (може да ги изблендирате или насечете на ситни коцки или кругчиња), додадете ги и минералната вода и маслиновото масло, промешајте убаво да се соедини целата смеса. 

Потоа во калап за мафинис тавете хартиени кошници и распределете ја смесата. Одозгора ставете неколку семки од тиква. Загрејте ја претходно рерната и печете ги мафините околу 15 минути на 220 степени.