Постои опасен вирус кој е број еден на листата биолошко оружје: Епидемиологот Петровиќ открива кои земји експериментираат со него
Епидемиологот Радмило Петровиќ вели дека според неговите информации, може да се направи биолошко оружје кое напаѓа само одредена нација и дека се работи на тоа.
Биолошкото оружје не е насочено само против луѓе, корисни растенија и домашни животни, туку има за цел да ја стави на колена земјата против која е економски насочено, изјави за РТС д-р Петровиќ, познавач на опасните вируси.
- Кога станува збор за биолошки лаборатории, секоја лабораторија во светот може да биде потенцијален производител на биолошко оружје. Од бактериски агенси, антракс може да произведе секој. Во текот на 2004 година имало 12 земји кои произведувале биолошко оружје, а тоа било забрането со Конвенцијата на ОН во 1972 година, со сила од 1975 година, што значи дека никој не смеел да произведува. Но, злобните луѓе се обидуваат да создадат супервирус, да го спојат вирусот кој најлесно се шири со вирусот кој дава најголема смртност. Вирусот САРС беше поврзан со азискиот тип на ДНК и ја предизвика болеста само кај Азијците, што се чинеше дека е точно, имаше случаи во САД, но сите случаи беа увезени. Биолошкото оружје се користи како увертира на економската војна. Вариола дојде во февруари 1972 година, а потоа имаше операција „Радуша“, каде терористите од Австрија преминаа кај нас и се обидоа да кренат востание против Титова Југославија - потсети Петровиќ.
Детали читајте на Фактор тука.
ФОТО: EPA/Leszek Szymanski