Потресна исповед: Поради лекарска грешка го изгубив сопругот, а нашето дете ќе порасне без татко

Тој почина од рак додека молеше за преглед, лекарите одбија да го испратат на магнетна резонанца поради кризата со корона вирусот

Дваесет и седумгодишниот Шервин Хол од Лидс, отишол во болница на 23 март поради болка во нозете. Лекарот бил убеден дека Хол има простатитис, па му препишал антибиотици. Сепак, болката не престанала кај овој млад човек и покрај пропишаната терапија што редовно ја земал.

Хол отишол во болница 13 пати во еден месец и ги молел лекарите да го испратат на магнетна резонанца. Бидејќи повеќето од болниците се префрлиле на системот ковид-болници, дури на 26 мај имало термин за да се снима.

Дијагнозата која ја добил е застрашувачка - на Хол му било дијагностициран малигнен тумор од дури 14 сантиметри во карлицата и уште 30 помали тумори во белите дробови. Било  јасно дека само чудо може да го спаси од тоа да остане жив. За жал, тоа чудо не се случило. Тој починал на 3 декември, а неговата вдовица Ла Трој Хол, со која го има деветмесечниот син Санчо, опиша како ја изгубила љубовта на нејзиниот живот.

- Ако ракот на Шервин беше откриен порано, мојот сопруг ќе беше жив денес. Сакам да сторам се што можам за да спречам други семејства да страдаат како што страдаме јас и мојот син – изјави несреќната жена.

Владата и лидерите продолжуваат да велат дека услугите за онкологија се вратија во нормала, но Ла Трој го тврди спротивното.

- Дури и ако услугите се вратат на нивото пред пандемијата, тоа не е доволно - изјави Ла Троја, инсистирајќи на тоа дека здравствените служби мора да посветат поголемо внимание на оваа болест.

- Јас упорно ги молев во април и мај да ме испратат на магнетна резонанца, но никој не сакаше да ме чуе - рече Шервин пред да почине.

Тој изјави дека бил одбиен под изговор дека радиолошката служба е забавена поради корона  вирусот.


Смртта на Хол се случи пред пациентите со рак и познати личности кои снимат Божиќно видео како дел од кампањата во која се повикува владата да ги засили услугите за пациентите заболени од рак за време на кризата од ерата на Ковид.

Во кампањата се приклучија и родителите на козметичарката Кели Расел Смит, која почина откако лекувањето од рак на дебелото црево беше суспендирано поради пандемија.


Фото: telegraf.co.uk

Можеби ќе ве интересира:

Кога добив рак на белите дробови, лекарот ми рече - биди среќна, доби помало зло