Повеќе не е црвенокоса: Јована Јоксимовиќ има нова фризура која брише години (ФОТО)
Доколку ви се допадна Јована Јоксимовиќ како црвенокоса, подгответе се за драстична промена
Водителката и сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ, Јована Јоксимовиќ, важи за една од најелегантните дами на јавната сцена, а без разлика дали се работи за нејзините аутфити или фризурата, сигурно е дека ќе ги следи сите трендови на свој начин.
Таа не експериментирала премногу со својот изглед низ годините, иако во јавноста влезе во 2001-вата година, но одамна ја знаеме како огнена црвенокоса.
Сепак, како што доаѓа есента, таа се одлучи за вистинска трансформација на својот изглед, и се врати на бојата што веќе ја носеше!
Така Јована повторно стана русокоса, а новата фризура ѝ го освежи изгледот, ѝ избриша неколку години од лицето и, воопшто, за неколку секунди го направи целио изглед поелегантен. Со добар лак, оваа фризура додава волумен, па нејзината старо-нова верзија на руса коса е тотален есенски хит!
Извор: glossy.espreso.co.rs