Позитивни на Ковид-19 денеска повторно над 100, од страв да не ги изгубат работните места кријат дека имаат позитивен во семејството

И денеска бројот на новозаразени со корона вирусот надминува 100. Изворите на Фактор велат дека дури 89 проценти се од албанската етничка заедница. 

Можно е бројот да е и повисок, бидејќи дел од резултатите на оние кои се тестирале во приватните лаборатории стигнуваат попладне. 

Ваквите високи бројки на позитивни на Ковид-19 во изминативе неколку дена се основната причина Владата да донесе одлука за претстојниов продолжен викенд повторно биде воведен полицискиот час во Скопје и уште неколку градови од вечерва од 21.00 до понеделник до 05.00 часот, а во останатите градови, граѓаните ќе имаат право да се движат секој ден од 05.00 до 16.00 часот. 

Инаку, според извори на Фактор, агрижувачка е состојбата во Штип, каде што луѓе поради страв да не ја изгубат работата, не кажуваат дека имаат позитивен на вирусот во најблиското семејство.