Позната инфлуенсерка почина на 36 години: Зад себе остави сопруг и четири деца

Инфлуенсерката почина на 36 -годишна возраст, оставајќи зад себе сопруг и четири деца.

Јутјуберката и шминкерка Мел Томсон почина на 36-годишна возраст, а тажната вест ја потврди нејзиниот сопруг, кој во ги извести бројните следбеници дека неговата сакана повеќе не е жива.

Тој не зборуваше за точната причина за смртта, но објави неколку заеднички фотографии од нив на социјалната мрежа Инстаграм со опис „Таа беше прекрасна личност. За жал, Мел почина вчера. Навистина е тешко да се изберат само десет фотографии со неа“.

Тој додаде дека добил бројни пораки од луѓе кои воопшто не ја познавале или знаеле за нејзината смрт. 
„Убаво е да се види колку беше сакана мојата сопруга. Таа ве обожаваше сите. А јас ќе ја сакам засекогаш “, додаде потресениот сопруг.

View this post on Instagram

A post shared by Mel (@mel.thomp)


Инаку, Мел зад себе остави четири деца.
„Таа цело време разговараше со децата и секогаш се обидуваше да им помогне кога имаа некои проблеми. Таа беше столбот на нашето семејство “, напиша сопругот.

Мел ја следеа 55.000 обожаватели на Инстаграм, а имаше дури 170.000 претплатници на Јутјуб.

извор:wanted.mondo