Позната водителка објави: Вирусот го добив од невакцинирана личност, ова се симптомите на Делта сојот

ТВ sвездата на Инстаграм објави дека се заразила со ковид-19.

Кет Садлер (46), популарна британска водителка, се огласи на Инстаграм и ги извести своите следбеници дека боледува од ковид-19.

- Вакцинирана сум и ревакцинирана и имам ковид. Ова ви го кажувам за да сфатите дека пандемијата не е завршена. Вирусот Делта е многу заразен и се заразив и покрај вакцината. Се грижев за некој што има вирус, иако бевме убедени дека станува збор само за грип. Како и да е, не само што бев вакцинирана, туку и носев маска. Претпоставував дека сè ќе биде добро. Не беше. Вакви приказни има се повеќе и повеќе.

View this post on Instagram

A post shared by CATT SADLER (@iamcattsadler)



Моите симптоми не се благи, ова е втор ден како имам треска. Јас сум запушена и имам гној во окото. Многу сум уморна, не можам да станам од кревет. Верувајте ми, вие не сакате да се чувствувате така. Вирусот го добив од некој што не е вакциниран.

Ако сте вакцинирани, не ја спуштајте вашата стража. Носете маска во гужви. Запомнете, вакцините не ве штитат од заразување, тие ве штитат од смрт и тешки симптоми. Сè уште можете да се заразите. Затоа заштитете се - рече таа.


Фото: Инстаграм/Кет Садлер

Можеби ќе ве интересира:

ДЕЛТА СОЈОТ ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ: Европа ги враќа мерките, Блискиот Исток и Северна Африка се соочуваат со катастрофа