Познатата водителка на контактни емисии е новиот одговорен уредник на Алфа

Добивај вести на Viber

Новинарката Анастасија Богданоска е поставена за нов одговорен уредник на ТВ Алфа. За новата функција се пофали и самата на социјалните мрежи.

- Ви благодарам за убавите зборови и честитките драги пријатели! И што да ви кажам друго, освен гледајте Алфа! Ќе има што да гледате - напиша таа.

Богдановска доаѓа на местото на в.д одговорниот уредник Љупчо Цветановски. Таа неодамна си замина од Канал 5 каде што беше уредник и водител на контактната емисија „Фронт“. Претходно водеше и утринска програма.