Познато кој ќе го режира новиот филм за Џејмс Бонд

Добивај вести на Viber

 Британскиот режисер Дени Бојл ќе го режира 25-тиот филм за Џејмс Бонд, а во улогата на познатиот агент 007, Даниел Крег ќе се појави по петти пат.

Филмот ќе биде направен според сценариото на Џон Хоџ, кој ќе биде прилагоден од Бојл, соопштија продуцентите.

Продукцијата на филмот ќе започне во студијата Пајнвуд во Велика Британија во декември.

Името на новиот филм за Џејмс Бонд се уште е непознато, но се знае дека прво ќе биде прикажан во Велика Британија во октомври следната година, објави Би-Би-Си.